Пред инфективната амбуланта во Општата болница во Кавадарци се чека на ред. Единствениот инфектолог за Кавадарци и Неготино дневно прегледува околу 130 пациенти. Притисокот врз здравствените работници се зголемува, само вчера во овие две општини се регистрирани 98 заразени лица со коронавирусот. Во ковид центарот се лекуваат 57 пациенти, загрижува и тоа што 43 пациенти се постојана кислородна поддршка, а големите боци со кислород ги користат деветмина пациенти. Две третини од пациентите се од Кавадарци, а една третина од Неготини.
Значи возрасната група во нашиот ковид центар се движи од 17 години е најмладиот пациент до 84 години
Потрошувачката за кислород е зголемена за 30 пати, двапати во денот се носат боци со кислород.Спас за пациентите на кои им треба болничко лекување е модуларната болница, која е опремена со медицински апарати, 35 болнички кревети, а од денеска се пуштени и сите клима уреди да ги затоплуваат просториите.
Директорот на болницата, Коцев вели дека проблеми со кадарот немаат, во ковид центарот работат интернисти и анестезиолози, како и специјализантите. Смета дека брзо одговараат на двата пункта за тестирање.
Додека здравствените работници во Кавадарци ја бијат битката, низ улиците на Кавадарци и Неготино е раздвижено, пред банките граѓаните со маски чекаат во редот, но растојанието им е слаба страна. Токму недисциплината, непочитувањето на мерките, како и дружбата во кафулињата, угостителските објекти и по дома, се причина за брзото ширење на коронавирусот покажуваат анализите на единствениот епидемиолог во Кавадарци, кој од 1 ви април заминува во пензија.
Во Кавадарци има над десетина кластери, засега не се бара полициски час. Градоначалникот, Митко Јанчев вели дека секојдневно имаат кризен штаб, сите локални и државни институции се активирани да делуваат превентивно, но и да казнуваат. Жителите на Кавадарци се рекордери во неносење на маски, дневно се казнуваат и по 50 граѓани. Тиквешијата деновиве е коронажариште, каде што опфицијално има над 1.000 активни случаи
Викторија Јованова