Вести Македонија

Детско игралиште во Усје поставено до прометна улица

Новото игралиште во Усје со кое се пофали градоначалникот Темелковски на социјалните мрежи, веднаш предизвика бурни реакции на тамошните жители кои револтирано реагираат дека е доведена во опасност безбедноста на нивните деца.   Тие не сакаа да говорат пред камерите и рекоа дека се што имале да кажат го кажале со споделената видео снимка. Денес можеше да се забележи дека се поставени огради и општината интервенирала со поместување на лизгалките за кои Темелковски признава дека не биле првично поставени на соодветно место, но тука беа и автомобилите кои постојано минуваа.  За градоначалникот Темелковски тоа е едно од ретките земјишта кое што е државно и самите граѓани се одлучиле таму да има детско игралиште.

Игралиштетот и на тоа видео и на нашата објава си стои дека не е готово. На игралиштето веќе е поставена оградата и ние како општина констатиравме дека тие лизгалки се несоодветни за таму и тие ќе се сменат. Дополнително таа улица не е улица каде што поминуваат автомобили и само во моментов се користи бидејќи се прави фекалната канализација во Усје и дел од улиците се затворени и таа се користи како алтернативен пат, изјави Темелковски. 

И покрај фактот што Темелковски вели дека споделеното видео на социјалните мрежи покажува дека игралиштето не е завршено и родителите биле предупредени да внимаваат на своите деца додека да биде завршено, сепак е нејасно зошто не биле преземени сите мерки за нивна безбедност.

Безбедноста ни е на прво место, но сите ние имаме одговорност кон нашата лична безбедност и безбедноста на нашите најмили, без разлика дали говориме за игралиштето во Усје, во 11 Октомври или било каде, вели Темелковски. 

Во меѓувреме најмладите и нивните родители треба да бидат трпеливи додека надлежните институции ги превземат сите чекори за нивната безбедност.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно – Временска прогноза за 11.5.2025

Дејан Дејан

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе