Вести Македонија

Иселениците алармираат за истечени пасоши, преку пошта не можат да ги обноват

Македонски државјани   заглавија низ светот без пасоши, затоа што им истекла важноста, а не можат да извадат нови,   ниту да ги продолжат старите. И онака сложената процедура,  сега е доплнително отежната поради пандемијата, а нашинци,  посебно во прекуаокенаските држави,се жалат дека  со месеци се   без  документи за идентификација. Поради тоа неможат да добијат работни визи, ниту да  се школуваат,  лекуваат или да патуваат.  И битолачнецот Сашо Краљ кој живее во Далас, во американската држава Тексас, се поизвесно е дека ќе остане без пасош, затоа што за многу скоро му истекува важноста. Иако аплицирал пред 8 месеци, процедурата воопшто не е започната, а нема повратен одгoвор ниту од конзулатот, ниту од Министерствата за внатрешни и надворешни работи, каде испратил повеќе меилови.

Проблемот е во тоа што не само јас, туку многу други Македонци кои што живеат во светот, со кој јас лично сум во контакт, имаат проблем во моментот да добијат пасош, односно да го продолжат својот пасош. Тоа покренува лавина проблеми, се губи работа, престојот се доведува во прашање. Ова е смешно затоа што живееме во време на брз технолошки развој и ова може лесно да се реши, вели Сашо Краљ.

Министерот за надворешни Бујар Османи вели дека процесот бил блокиран, но по неговото доаѓање на функција активирал 15 мобилни тимови низ светот кои фотографирале над 7000 граѓани кои аплицирале за пасош.  Вели има проблеми само во неколку држави, но демантира дека станува збор за масовна појава и најваува законски измени со кои  патните исправи ќе важат до крајот на годината.

Мислам дека законската измена за продолжување на валидноста на  рокот на траење на пасошите до 31 декември  значително ќе ги релаксира граѓани, а и нас да можеме да се организираме да ги покриеме сите граѓани. Сепак светот е во кризна ситуација и се адптираме во кризните услови, вели Бујар Османи – министер за надворешни работи.

Нашите во дијаспората пак велат, дека не само за време на пандемија, постапката е исклучително сложена и во нормални услови, поради што Македонката Хелена Роза која живее во Нов Зеланд веќе покрена петиција за поедноставување на процедурите

Просечен временски период за да се  извади пасош за некој што е во странство е од 6, 8 до година, а имаме слуачи каде во нормални услови луѓе чекале по 2 години. Ја имавме петицијата и решивме таа петиција да не е само за моментално решавање на проблемот, туку за да се реши еднаш за секогаш, вели Хелена Роза.

За македонските државјани во диjaспората продолжување на патните исправи до крајот на годината не е вистинско решение, затоа што потоа можно е повторно да се соочат со истите проблеми, доколку пандемијата продолжи.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Тројца отповикани и двајца со истечен мандат остануваат како в.д. амбасадори

Дејан Дејан

Истрагата за трагедијата во Кочани продолжува со распит на сведоци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе