Бугарските органи позитивно одговорија на барањето за екстрадиција – Игор Спасов попладнево пристигна во затворот Идризово
Бугарските органи одговорија позитивно по барањето за екстрадиција на лицето Игор Спасов назад во Северна Македонија по одлуката на Градскиот суд во Софиј кој донесе одлука да дозволи негова итна екстрадиција назад во земјата, инофмираат од минситерството за правда.
Спасов претпалденво со цилно полицксо обебзедување ја минал границата, а пред само половина час е прситигнат во затворот Идрзиово.
Поранешниот припадник на специјалните едници на МВР – Игор Спасов, кој е осуден за убиство на Мартин Нешковски, беше уапсен во Софија на почетокот на месецот.
Спасов е осуден на 14 години затвор за убиството на Нешкоски што се случи на плоштадот во Скопје на прославата на победата на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори во 2011 година.
МВР распиша меѓународна потерница за Спасов на крајот на октомври 2019 година откако тој не се врати во затворот по завршување на лекувањето. Тој се бара за доиздржување на казна затвор од седум години и три месеци.