Македонија Најважни

По изјавата на Османи, Пендаровски реагира: Нема потреба за промена на Устав

По пописните графи, министерот за надворешни работи на Македонија им побара место на Бугарите во Македонија и во Преамбулата на Уставот, иако како што изјави и самиот, тоа не го побарале ни самите Бугари. Османи откако вчера изјави дека не постои резерва Бугарите да влезат во Уставот, денеска тоа го спакува во форма на прикажување на резултатите од пописот и побара во резултатите Бугарите да не бидат во категоријата останати, туку нивните резултати да бидат презентирани поединчено, заедно со бројките за етничките заедници набројани во Уставот.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи го стави, па го извади бугарското малцинство од Преамбулата на  Уставот на Македонија. Османи по изјавата од пред два дена за посебна графа во пописот за граѓаните кои се чуствуваат како Бугари во земјава, отиде чекор понатаму и по пиписните листи, во изјава за ТВ 21, им побара на Бугарите во земјава и место во Преамбулата на Уставот.

„Бугарите во Република Северна Македонија треба да се чуствуваат како апсолутно слободни граѓани кои што може да се организираат во колективна заедница и ќе ги имаат сите права, па ако треба и нивно спомнување во Уставот, кое што ќе го олесни после нивното организирање или, еве, презентирање на резултатите. Па немаме никаква резерва по однос на тоа прашање да бидат споменати како посебна етничка заедница и во Уставот, ако тоа им значи “, изјави Османи во телевизиското интервју.

Но расположението на Османи за вметнување на Бугарите во Уставот траеше 12-на часа, па утрово тоа го преформулира во пописни резултати и во чисто техничко прашање на прикажување на резултатите од пописот.

„Ако забелешките се дека поради тоа што бугарската етничка заедница, како посебна заедница во државата, при прикажување на резултатите се ставаат во категоријата ’останати’, дека само тие што се споменати во Уставот се презентираат нивните проценти, воопшто немаме никаква резерва да се прикажат резултатите од секоја етничка заедница во државата“, изјави денеска Османи.

Со оглед дека денеска не одговори директно дали за тоа било разговарано во Владата, oстана нејaсно во чие име, освен во свое, Османи синоќа тврдеше дека не постои резерва Бугарите да влезат во Уставот, користејќи ја множинската форма „нам“, но бар кажа дека тоа не го побарел самите Бугари.

На прашањето: Дали некогаш било на било кое ниво, тука кај нас во Владата или со Бугарија, разговарано за вметнување на Бугарите во Уставот? Османи одговори:

„Тоа прашање не е покренато во нашите билатерланио односи…

– А кај нас?

…Дури и не сум видел дека има интерес за покренување на такво нешто, веројатно и заради ставовите дека не треба да има јасна дистинкција, јас мисламд ека не треба да имаме резерва по однос на остварување на индивидуалните и колективните права на било која етничка заедница во Република Северна Македонија“, изјави Османи.

И од Владата информираат дека од Бугарија досега не било побарано такво нешто.

„До сега во преговорите со Република Бугарија не е разговарано бугарската етничка заедница да биде вметната во нашиот Устав и нема такво барање од бугарските власти“, наведуваат од Владата.

Од таму наведуваат дека Македонија е граѓанска држава и нејзиниот Устав ги гарантира правата на сите граѓани без оглед на нивната етничка припадност.

И претседателот Стево Пендаровски потврди дека такво нешто не е побарано од бугарска страна, но истовремено не ни очекува тоа да се случи.

„Затоа што усвојувањето и евентуалните амандмани на Уставот се исклучиво наше суверено право и надлежност. Во овој момент, претседателот не гледа никаква потреба за какви било измени на Уставот“, е став на шефот на државата.

Откако деновиве бугарското прашање во Македонија стартуваше со барањето за заштита на правата на Бугарите во земјава од страна на бугарскиот претседател, па до нивна посебна графа во пописот и до Преамбулата на Уставот од шефот на македонската дипломатија, во прашањето денеска се вмеша и Европската комисија, но со сосема поинаква порака.

„Пописот треба да остане статистичка операција, а не политичка, и ги повикуваме сите кои придонесуваат за пописот да го прават тоа на конструктивен начин“, гласи пораката од Европската комисија.

Од таму ја охрабруваат земјава да спроведе попис во согласност со европските стандарди и регулативите на Европската унија како дел од претпристапните подготовки.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе