Пукотницитги разбудило од сон луѓето на улицата Македонско-Косовска Бригада, по што била повикана полицијата. Епилгот е двајца застрелени мажи на 24 и 28 години. Полицијата трага по убијците кои со друго возило 2,5 часа по полноќ усмиртиле двајца осграѓани.
02 часот и 30 минути по полноќ рафали и истрели одекнале на улицата „Македонско- Косовска Бригада“. Епилогот двајца изрешетани скопјани во возило марка „Цитроен“. Во телата зрна од калашников и пиштол. Убијците дошле, пукале и си заминале со автомобил но, зошто убиле полицијата се уште испитува и испрашува.
Неофицијално мета биле 24 и 28-годишните Африм Бериша и Бурим Варадари. Не стасале до болница, а брзатап омош која дошла веднаш констатирала смрт. Причините за убиството се уште не се познати, а од МВР ги јавуваат деталите за двајцата убиени и велат дека работат на расчистување на случајот. Идентитетот на напаѓачите е непознат и тие се во бегство.Полицијата ја опседна целата населба Топанско поле додека полициски екипи, а обвинител и форензичарите собираат докази од увидот на лице место.
Павле Беловски