Откако ја разбранува бугарската, но и македонската јавност, молк од органзиацијата која се нарекува Културен центар „Иван Михајлов“ од Битола.
Телма се обиде повторно да ги контактира членовите, за да одговорат со какви проблеми се соочуваат, кој ги заплашува и кој ги дискриминира, као што велат, ако јавно се декларираат како Бугари. На телефонскиот број на кој минатата недела разговаравме со лице кое се претстави дека е од ова здружение, сега не одговара никој. Тогаш не сакаа јавно да зборуваат и не упатија на писмото објавено на нивната ФБ страница. Оскудни се информациите за оваа невладина органзиација, па ниту на социјалните мрежи, нема адреса каде е нивното седиште, а нема ни контакт. канцеларија на Широк Сокак има само Здружението за бугарско-македонско пријателство, но тие не се дел од иницијативата што ја покрена културниот центар „Иван Михајлов“.
Одговор засега нема ниту од битолската полиција, каде денеска упативме прашања, дали до СВР Битола има пријава за закани, заплашување или дискриминација од граѓани со двојно државјанство, македонско и бугарско.
Оваа органзаија минатата недела испрати писмо до бугарскиот државен врв со кое побара олеснување на процедурите при добивање на бугарско државјанство за оние граѓани кои на претстојниот попис во Македонија ќе се определат како Бугари, но и се пожалија дека се соочуваат со бугарофобија и стравуваат слободно да се изјаснат. Вчера објавија дека истото писмо го испратиле и до амбасадите на САД, Германија, Португалија и делегацијата на ЕУ во Македонија.
На улицата Довлеџик во Битола е регистрирана невладината Културен центар „Иван Михајлов“. Иако има седиште, здружението нема канцеларија. Станува збор за приватен објект на еден од основачите на Културниот центар, но не успеавме да контактираме со него.
Емилија Мисирлиевски