Економија

Оризопроизводителите во вторник на протест- Заев најави исплата на субвенциите

Оризопроизводителите од кочанско на протести излегуваат во вторник. Со земјоделската механизација ќе го блокираат патот Штип-Кочани Бараат исплата на субвенциите пред стартот на сеидбата, но и повисоки откупни цени на оризовата арпа и белиот ориз, како и навремено чистење на каналите и пуштање на водата за наводнување. Премиерот, Зоран Заев денеска од Пробиштип им порача дека знае за нивното незадоволство и им најави дека се работи на проблемот за исплатата на субвенциите.

Иницијативниот одбор за спас на оризопроизводството не го откажува протестот и покрај ветувањата на премиерот оти деновиве ќе се решат проблемите со субвенциите. Тие велат дека ова е само еден проблемите. Во моментов откупната цена е многу ниска и се движи од 17 до 20 денари за килограм.

Оризопроизводителите очекуваат на заедничка маса да седнат со министерот, а го канат и премиерот, во спротивно патот Штип-Кочани ќе го блокираат секој втор ден.

Викторија Димитрова Јованова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дурмиши: Ако има поскапување поголемо од 15 проценти, ќе активираме поригорозни мерки

Дејан Дејан

(живо)Дурмиши: Пазарниот инспекторат е на терен очекуваме извештај

Дејан Дејан

Ангеловска-Бежоска: Економијата постепено закрепнува од шоковите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе