Атланта соопшти дека српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ на мечот против Шарлот се здобил со фрактура во десното колено, а дијагностицирано е и воспаление на мекото ткиво.
По деталните прегледи се уште не е познато колку долго Богдановиќ ќе биде надвор од терените, а праксата во минатото покажала дека ваков тип на повреда се санира само со хируршки зафат, а периодот на рехабилитација може да трае и до шест месеци.
Српскиот кошарка во Атланта на почетокот од сезоната дојде од Сакраменто и потпиша договор на четири години вреден 7 милиони долари.