Ковид19 Македонија Топ вести

Почетокот на годинава ќе ги донесе и вакцините – 833 илјади вакцини на Фајзер стигнуваат преку Ковакс механизмот

Почетокот на годинава ќе ги донесе и првите вакцини за населението. Станува збор за околу осумстотини илјади дози од вакцината на Фајзер преку Ковакс механизмот на Светската здравствена организација. Тоа е еден од начините да се донесе кај нас течноста што значи имунитет на Ковид, а тука се и директните договори со компаниите производители како и ветениот процент од некои земји членки на Европската унија – најавува министерот Венко Филипче.

Веќе аплициравме да бидеме во првата група на земји согласно подготвеноста на нашиот систем во однос на чувањето на температура на минус 70 степени, дистрибуцијата и практичната апликација преку центрите за јавно здраво и здравствените домови и да бидеме во првата група на земји коишто ги добиле вакцините. Според нивното писмо станува збор за вакцината на Фајзер, а следна која што доаѓа предвид е вакцината на Астра Зенека, рече филипче.

Филипче оценува дека има подобрување во состојбата со Ковид кај нас: намален е бројот на новодијагностицирани, како и притисокот врз болниците. Тој најави и дека за две недели во аптеките ќе го има лекот Ивермектин, а ќе го препишуваат матичните лекари.

За дилемите  во јавноста, зошто наместо интерните одделенија да се ослободат за редовна работа, тие остануваат за Ковид болни, а се затвора модуларната болница на Инфективната клиника, Филипче одговори:

Ова се направи затоа што е попрактичен начин лекарите и сестрите во рамките на своите јавно-здравствени установи да можат да пружаат здравствена услуга. Да не мора физички да ротираат и во модуларната болница. Во било кој момент сме подготвени повторно да ја активираме и се надевам нема да дојде до таква ситуација, вели филипче.   

Министерот најави дека ќе се разговара и за релаксирање на мерките за угостителите, но не пред 21 јануари до кога беше и првично скратено работното време до 18 часот.

И покрај најавите дека вакцина набргу ќе има, опозицијата и денеска критикуваше дека Филипче само бара изговори за промашената стратегија за набавка на вакцини

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Муцунски: Македонија ја подржува иницијативата за формирање на воен суд во Украина

Дејан Дејан

Да не му тропнат истражители на врата на Али Ахмети, со Таравари ќе пие кафе за разделба, Мицкоски со пораки за двајцата партиски лидери од спротивната страна на власта

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе