Ковид19 Македонија Топ вести

Лекарите со осуда за божикните причестувања со една лажица

Жестока осуда за вчерашните божикни причестувања, пристигна од проф. д-р Нико Беќаровски од клиниката за Токсикологија. Во врска со причестувањата на верниците со една лажица, во повеќе цркви и храмови на МПЦ, д-р Беќаровски преку статус на Фејсбук реагира дека се работи за обесчестување на десетмесечниот труд на здравствените работници.

Сите вие кои вчера со едно исто лажиче по храмовите се причестивте, десетмесечниот деноноќен труд на белите мантили го обесчестивте. Кога на 19 јануари ќе Ви требаат белите мантили, а не црните мантии, ние ќе се „ бањаме“ за да симнеме дел од потта под скафандерите и талкот под ноктите.

П.С. Отворете ги кафеаните , таму барем даваат едно лажиче за еден гостин, напиша д-р Беќаровски.

Од Синодот на МПЦ, од каде пред новогодишните празници повикаа верниците да ги почитуваат заштитните мерки, денеска со став дека причестувањето се врши со исто лажиче, а оној што се сомнева дека може да се зарази, не треба да се причестува.

Причестувањето со една лажица се врши.Оној кој што има сомневање во светата причест, нека не пристапи и точка. Јас не можам да тврдам дали е заштитен или незаштитен, но ние веруваме дека причеста не е зараза , туку е човекот зараза. Па сега, ако некој пристапи таков ете му бог, што се вели, што да му кажеме ние?, ни изјави Митрополитот Дебарско-кучевски владиката тимотеј.

Владиката Тимотеј потврди дека и во Дебарско – кичевската епархија верниците на Божик се причестувале со исто лажиче, но потенцира дека не се делела нафора, со бакнување на еден ист крст, како во Соборниот храм во Скопје.

Кај мене ние не делиме нафора и не дозволуваме верниците да бакнуваат крс, туку секој се послужува сам од нафората, тврди тој.

Министерот за здравство Филипче, верува дека нема опасност од појава на нови кластери инфицирани со Ковид-19 од причестувањата со едно лажиче и дека во прилично стабилната епидемиолошка ситуација,  како што ја опиша, има и слободни кревети и кадар за третман на нови пациенти.

Верувам дека овие прекршувања на мерките навистина не беа чести и не беа многу. Гледавме по телевизиите. И мислам дека сме во еден период на стабилна епидемиолошка слика во која добро се менаџираат и делот на симтоматски пациенти на кои им е потребно тестирање. Значајно се се олесни тој дел со тестирање со брзите тестови во сите јавно-здравствени установи и во делот на хоспитализација, изјави министерот.

За вчерашното причестување со една лажичка во Соборниот храм, отец Сашо изјави дека причеста е лек, дека преку неа не се пренесуваат болести и дека тој го практикува тоа. Од почетокот на пандемијата ова е втор пат како православните верници се причестуваат со едно лажиче. Истото се случи и за празникот Велигден.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Муцунски: Македонија ја подржува иницијативата за формирање на воен суд во Украина

Дејан Дејан

Да не му тропнат истражители на врата на Али Ахмети, со Таравари ќе пие кафе за разделба, Мицкоски со пораки за двајцата партиски лидери од спротивната страна на власта

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе