Свет Топ вести

Демократите ги добија и двете сенаторски места во Џорџија

Демократската партија и идниот претседател Џо Бајден ја освоија контролата врз мнозинствата во Конгресот, откако беше потврдена победата на двајцата нивни кандидати за сенатори од Џорџија.

Рафаел Варнок и Џон Ософ успеаа да ги победат републиканските сенатори Кели Лофлер и Дејвид Пердју, откако претходно во ноември Џо Бајден стана првиот кандидат на демократите кој успеал да победи во државата по 28 години.

Исходот од изборите во Џорџија има исклучително влијание врз мандатот на новиот претседател Џо Бајден. Со победата на Варнок и Ософ, демократите се израмнија со републиканците по бројот на сенатори,, но решавачкиот глас за новото мнозинство ќе биде тој на новата потпретседателка Камала Харис, која со потпретседателската функција е и претседавач на Сенатот. Тоа значи дека Бајден, барем во првите две години од мандатот, многу полесно ќе може да ја спроведува сопствената политика, без потенцијални блокади, во случај републиканците да ја задржеа контролата во Сенатот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Индија ликвидирала над 100 екстремисти во напади на пакистанскиот дел од Кашмир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе