Македонија

Етапни реформи во образованието, за да се слушнат сите засегнати страни

Со новата концепција за основно образование ниту еден наставник нема да остане без работа. Влегуваме етапно и постепено во основното образование, за да загарантираме квалитет и за да можеме да ги вклучиме сите засегнати страни кои имаат одредено мислење, рече денеска министерката за образование Мила Царовска.

Таа на прес-конференција во одговор на прашање посочи дека многу голем дел од академската јавност и од наставниците стојат зад концепцијата, но, како што вели, не би било очекувано во нашето општество да се случува значајна и голема реформа без притоа да има дискусија и да нема спротиставени ставови.

-Концепцијата за основно образование е дел од стратегијата за реформа во образованието 2018/2025 година и е законска обврска на Министерството за обраозвание у наука согласно со Законот за основно образование. Јас верувам во демократски дискусии, верувам во коментари на сите професори кои ги даваат, тие се добронамерни, дел од нив се конструктивни и ги земаме во предвид за да на крај донесеме што подобра концепција за основно образование кое ќе значи квалитет во основно образование за сите деца кои се моментално во системот, но и за оние кои влегуваат, рече Царовска.

Посочи дека со концепцијата одат полека, за разлика од претходни концепти кои се менувале радикално и внесувале промена во сите девет одделенија наеднаш.

-Имаше еден период на ширење на лажни вести како е ова радикално, како се влегува сегде како луѓе ќе останат без работа, како се укинува историја, но сметам дека целата таа прашина спласна, вистината излезе на виделина сите имаат можност да го видат и прочитаат документот.

Како што додаде, овој концепт на учење го подготвуваат педагози, психолози и наставници од настава за да може врз основа на ова да се изградат наставни програми во кои ќе учествуваат сите релевантни.
Во наставната програма за историја или општествени науки ќе учествуваат историчари, социолози, географичари. Во оние по природни науки ќе учествуваат билози, хемиари, физичари..

-Дебатата продолжува, во моментот кога ќе ги согледаме сите коментари, кога ќе ги сумираме информациите кои сме ги добиле од страна а притоа што е прифатено а што не, ќе ја известиме јавноста и ќе продложи имплементацијата на концепцијата.

Таа додаде дека е важно дебатата да продолжи, но концепцијата не смее да биде отфрлена затоа што како што рече, е меѓународна, не е нешто што државата сама првпат го воведува.

-Многу е важно да имаме што повеќе коментари за концепцијата за таа да да биде подобра, но она кое што не треба да го имаме е отфрлање на концепцијата, затоа што отфрлање значи дека треба да понудите паралелно сосема нов концепт. А овој концепт е меѓународен, ова не е нешто кое во светот не се случува па ние како држава за првпат да го воведуваме, додаде Царовска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обинителство отвори истрага против пет лица за убиството во Штип

Дејан Дејан

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе