Вести Македонија Најважни

Пожарот во „Глобал“ го гаснеа 60 пожарникари, пеплосани десетици дуќани

Десетици дуќани и тезги пеплосани и штета што допрва ќе се утврдува. Сѐ уште е во чад трговскиот центар Глобал во Струмица. Пожарникарите и денеска гасат на одредени жаришта и се обезбедува објектот во центарот на градот. Сопствениците на дуќаните  се во шок.

Премиерот Заев и градоначалникот Јаневски попладнево го посетија трговскиот центар. Разговараа со дел од сопствениците и ветија помош за реконструкција на опожарениот дел.

Пожарникарите велат дека не било едноставно да се влезе во објектот. Гасењето траеше околу пет часа.

Трговскиот центар Глобал е изграден на местото на некогашниот градски пазар. Работи повеќе од десет години.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе