Група од 11 републиканци најавија дека ќе ја оспорат победата на Џо Бајден во Конгресот следната недела. Сенаторите ќе побараат од Конгресот да формира комисија за испитување на можни „изборни измами“. Во рок од десет дена, комисијата треба да направи ревизија во сите држави каде двајцата претседателски кандидати беа изедначени. Но, за кои точно сојузни држави станува збор, не е прецизирано. Потписниците со закана- дека ако ревизијата не биде спроведена, тогаш во среда на 6-ти јануари, ќе ги одбијат избирачите на спорните држави. Ако се формира оваа комисија, тогаш процедурата ќе биде одложена за десетина дена. Поддршка за 11-те републиканци има и од Потпретседателот Мајк Пенс. Но, позицијата му е незавидна, затоа што како претседател на Сенатот, ќе ја надгледува сесијата закажана за среда и ќе треба да го прогласи победникот во трката за Белата Куќа.
Потпретседателот Пенс се наоѓа во многу неодржлива позиција, под притисок на разни страни да направи нешто за што, по се изгледа и сам зане дека нема моќ. Ќе биде многу интересно да се гледа како сето тоа ќе се реши пред да дојде Среда и да се одржи заедничко заседавање на Конгресот, а потпретседателот е тука и ќе треба да се пребројуваат гласовите, вели Дарлин Супервил, дописник од Белата Куќа за Асошијетед Прес.
Трамп е првиот претседател кој во имзинативе 30 години не освои втор мандат. Неможноста да го прифати изборниот пораз и напорот да се игнорира волјата на гласачите е пресуден момент за републиканците и целата партија. Сите 50 држави го сертифицираа изборниот резултат, а некои од нив ги пребројуваа гласовите. Сите американски судови ги одбија 60-те тужби на Трамп и ја потврдија победата на Бајден. Овој факт ги подели и самите републиканци, а оние со највисоките функции ги повикаа своите сопартијци да не се обидуваат да ги поништат изборите. Укажаа дека ваквите правни предизвици се опасна игра и закана за граѓанските норми.
Напорот на 11-те републиканци ќе биде залуден, со огле да тоа што Демократите имаат мнозинство во Претставничкиот дом. Но, нивната цел е да се приклучат кон лојалната база на Трамп, велат аналитичарите. Не е ниту првпат во историјата на САД, Конгресот да биде затекнат од неприфаќањето на изборниот резултат. Првпат се случило во 1877-мата кога е формирана комисија за истрага, откако двете партии прогласиле победа во три сојузни држави. Сепак, познавачите велат дека, политичкиот револтот е знак дека злонамерноста во САД, која дојде до израз преку борбата на Трамп да остане во Овалната соба, нема наскоро да исчезне.
Алиса Шутиноска