Сончевите зраци дополнително ги привлекоа посетителите викендот да го поминат во Маврово. Некои веќе неколку дена уживаат во природните убавини на ски-центарот, а другите, пак, дошле на еднодневна прошетка. Љубителите на скијањето, пак, нетрпеливо очекуваат погодни услови. Покрај многубројните домашните туристи, сретнавме и странци.
Голем број граѓани новогодишните празници ги поминаа во викенд куќите, додека хотелите се исполнија во првите денови од новата година.
Во време на пандемија од Управата на Центарот велат дека се почитуваат сите мерки и протоколи, а инспекторите контролираат на терен.
Посетителите го искористија денот за прошетка со жичарата на свеж воздух. За да се создадат услови за скијање, пак, се очекува деновиве температурите да паднат под нулата, за да се направи уште долниот дел на стазата со вештачки снег, бидејќи горниот е веќе подготвен, велат од Управата.
Данијела Билбилоска