Вести Македонија

Викендичките во Маврово се полни уште од новогодишната ноќ

Сончевите зраци дополнително ги привлекоа посетителите викендот да го поминат во Маврово. Некои веќе неколку дена уживаат во природните убавини на ски-центарот, а другите, пак, дошле на еднодневна прошетка. Љубителите на скијањето, пак, нетрпеливо очекуваат погодни услови. Покрај многубројните  домашните туристи, сретнавме и странци.

Голем број граѓани новогодишните празници ги поминаа во викенд куќите, додека хотелите се исполнија во првите денови од новата година.

Во време на пандемија од Управата на Центарот велат дека се почитуваат сите мерки и протоколи, а инспекторите контролираат на терен.

Посетителите го искористија денот за прошетка со жичарата на свеж воздух. За да се создадат услови за скијање, пак, се очекува деновиве температурите да паднат под нулата, за да се направи уште долниот дел на стазата со вештачки снег, бидејќи горниот е веќе подготвен, велат од Управата.

 

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан ја обвини Индија за ракетни напади врз воени бази

Дејан Дејан

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната во Украина е оправдано

Дејан Дејан

Обинителство отвори истрага против пет лица за убиството во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе