Штипската Клиничка болница годинава ќе располага со буџет од 500 милиони денари. Регионалната болница, која уште од првиот ден е ковид центар за пациентите од источниот регион недостатокот од здравствени работници, лекари и администрација ќе го анулира со 50 нови вработувања.
Околу 240 здравствени работници и технички персонал, или половина од вработените беа ангажирани во грижата на пациентите во ковид центарот, поради тоа одредени оддели и не работеа.. До крајот на месецов се очекува во функција да се стави и модуларната болница, која за разлика од инфективното одделение ќе има централен довод за кислород.
Поради пандемијата штипската болница годинава е покуса за над 200.000 евра од партиципацијата на пациентите, а долгот и е 40 милиони денари. Но, според Ѓеорѓијев спаѓаат во болниците со помал долг.
Викторија Јованова