Македонија

Раздвижено во центарот на Скопје и парковите – сончевите зраци ги мотивираа граѓаните да прошетаат

Сончевите зраци и надежата која секогаш е присутна на почетокот на годината дека лошите нешта се зад нас и убавите мигови допрва претстојат ги раздвижија граѓаните низ Градскиот плоштад, кафулињата и парковите.

Сепак во најголем дел веднаш ќе забележите дека најмладите се иницијатори за тие прошетки и нивната возбуда се уште трае да раскажат како ја дочекале Новата година и дали Дедо Мраз го добил нивното писмо.

За возрасните дочекот на Новата година во кругот на семејството беше можност да се потсетиме на сите нешта за кои речиси и не бевме свесни со брзото темпо на живеење и пандемијата која неминовно не потсети колку ни значат семејните собирање и дружењата со пријателите.

Доколку внимателно се загледате во лицата на оние со кои се разминувате веднаш ќе забележите дека како никогаш до сега луѓето се уморни од нешта кои ги растажија и вистински се надевааат дека сончевите зраци ќе дадат нова топлина во нивното секојдневие.

Детските насмевки и радоста на навидум секојдневни нешта ги потсетија дека убавината е во малите нешта за кои уште повеќе станавме во изминативе месеци во битката со Ковид 19.

Зборовите  кои ќе ги чуете на речиси секој чекор„Само здравје, чувајте се и се гледаме“ веќе имаат сосема поинакво значење и надеж за подобро утре.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма со детали за убиството во Штип кое личи на сцена од гангстерскиот филм „Кум“- пресметка на двајца турски државјани во кафуле, полициска потера и организирано бегство со две коли

Дејан Дејан

Возачот Васил Јованов призна вина за несреќата во која ја прегази Фросина Кулакова  на пешачки премин

Дејан Дејан

Почнува националната еко акција „Генералка викенд“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе