Македонија Најважни

Пописната методологија ќе се објави веднаш по законот

Закон за попис па методологија, или Закон со методологија.

Ова прашање, заедно со барањето за попишување преку отисок од прст ги подвои мислењата на власта и опозицијата до степен што ВМРО ДПМНЕ најавува дека нема да ги почитува резултатите и ќе организира нов попис кога ќе дојде на власт.

Од Заводот за статистика, кој треба да го спроведе пописот, велат дека нема отстапување од европските и светските стандарди.

Попишувањето со отисок од прст го сметаат за неможно бидејќи тоа е класифициран податок со кој располага МВР, не би можело да се опфатат оние што во моментот нема да бидат во земјава, а во базата на податоци ги нема странците и малолетните. Уверуваат дека се ќе биде појасно со методологијата.

„Пописот е статистичка, а не политичка операција“. Потребен е заради креирање политики и рамномерен развој на сите сфери, реагираше и СДСМ.

“Наводната загриженост на ВМРО ДПМНЕ не е ништо друго освен очаен обид пописот да се одложи и дополнително да се политизира. Нашата цел е оваа статистичка операција никогаш повеќе да не се третира како политичко прашање кое ќе зависи од волјата на партиите и партиските лидери. Сите стандарди се задоволени и ќе се преземат сите можни мерки за да се спречи двојно попишување” – тврдат од најголемата владеачка партија.

Законот за попис ќе биде на дневен ред во Собранието на 18-ти јануари, откако во Комисијата за европски прашања беа одбиени сите 40-тина амандмани на опозицијата.

По 19 години, по еден неуспешен обид во 2011-та и по одложувањето во 2020-та, пописот се планира за април годинава.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма со детали за убиството во Штип кое личи на сцена од гангстерскиот филм „Кум“- пресметка на двајца турски државјани во кафуле, полициска потера и организирано бегство со две коли

Дејан Дејан

Возачот Васил Јованов призна вина за несреќата во која ја прегази Фросина Кулакова  на пешачки премин

Дејан Дејан

Почнува националната еко акција „Генералка викенд“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе