Во Струмица сѐ уште нема ниту еден случај со сезонски грип. За разлика од лани ова време кога градот беше на врвот во државата со најголем број регистрирани случаи на сезонски грип.
Над 170 беше бројката којашто ја регистрира Центарот за јавно здравје. Овојпат матичните не пријавиле ништо.
Сепак, од центарот за јавно здравје велат дека ова не е реална бројка, бидејќи има пациенти коишто се лекуваат во домашни услови.
Во Струмица во моментов состојбата со корона-вирусот е нормализирана. Во поширокиот струмички регион има околу 600 активни случаи на Ковид-19.
Сузана Мицева