Сончевите зраци и надежата која секогаш е присутна на почетокот на годината дека лошите нешта се зад нас и убавите мигови допрва претстојат ги раздвижија граѓаните низ Градскиот плоштад, кафулињата и парковите.
Сепак во најголем дел веднаш ќе забележите дека најмладите се иницијатори за тие прошетки и нивната возбуда се уште трае да раскажат како ја дочекале Новата година и дали Дедо Мраз го добил нивното писмо.
За возрасните дочекот на Новата година во кругот на семејството беше можност да се потсетиме на сите нешта за кои речиси и не бевме свесни со брзото темпо на живеење и пандемијата која неминовно не потсети колку ни значат семејните собирање и дружењата со пријателите.
Доколку внимателно се загледате во лицата на оние со кои се разминувате веднаш ќе забележите дека како никогаш до сега луѓето се уморни од нешта кои ги растажија и вистински се надевааат дека сончевите зраци ќе дадат нова топлина во нивното секојдневие.
Детските насмевки и радоста на навидум секојдневни нешта ги потсетија дека убавината е во малите нешта за кои уште повеќе станавме во изминативе месеци во битката со Ковид 19.
Зборовите кои ќе ги чуете на речиси секој чекор„Само здравје, чувајте се и се гледаме“ веќе имаат сосема поинакво значење и надеж за подобро утре.
Нина Стефанова