Македонија

Нова ски сезона – стари проблеми на Шапка

Зимско-рекреативниот центар Попова Шапка преполн за време на празничните денови. Снегот привлече голем број посетители, кои велат дека Шапка има одлични природни услови, но ништо не се променило на подобро.

Единствен новитет е шестоседот, кој, пак, оваа сезона не е пуштен во функција, а остануваат и проблемите кои се провлекуваат низ годините, од областа на инфраструктурата, но и немањето доволно паркинг места.

Ски сезоната 2020/2021 официјално започна на 17 декември. Стазите постојано се одржуваат, вели директорот на Центарот, Живе Алексовски.

Од Владата, пак, со ветувања за развој на Попова Шапка. Премиерот Зоран Заев, при неодмнешната посета на Тетово, најави дека се разгледува заедничка можност за развој на скијачкиот туризам на Брезовица од косовска страна и Попова Шапка, за што има и потенцијални инвеститори од Катар и од неколку други држави.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе