Вести Македонија

Власта бара начин како да ги казнува судиите

Оценување на судии и јавни обвинители по нова методологија е решението на власта како да ја врати довербата во судството. Ке ги оценува и судиите и обвинителите. Но обвинителството нема решение за оние обвинители против кои веќе е покрената дисциплинска постапка а сами ке си поднесат оставка како што е примерот кој вчера беше обелоденет.

Од судскиот совет велат дека во изминативе 2 години веке разрешиле 9 судии. Тие ја почнале реформата уште пред власта да ги направи интерните правилници по кои ке се оценуваат судиите.

Според методологијата која ја креирало министерството за правда оценувањето на обвинителите ке почне од 1 јануари и извештаи ке има на секои 6 месеци. За судиите пак ке се оценува 4 годишно работење, тричлени комисии ке разгледуваат 10 предмети по судија, и тоа 5 предмети кои ке ги избере акмисот а 5 предложени од самиот судија кој ке биде оценуван. За министерот Бојан Маричиќ нема да има селекција на подобни и неподобни.

И покрај тоа што до сега се отворени постапки за само тројца функционери од актуелната власт, Маричиќ вели дека не ја разбира поделбата на сегашни или поранешни функционери кога се работи за борба против корупцијата. Не се сеќавал дека претходната власт гонела толку високопозиционирани лица како што била екс специјална обвинителка, поранешна потпретседателкан а собрание но и директор на институција.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп повикува на безусловно 30 дневно примирје меѓу Русија и Украина

Дејан Дејан

Со голема воена парада Москва денеска го одбележува „Денот на победата“

Дејан Дејан

Пукање во центарот на Штип- еден повреден, напаѓачот во бегство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе