Вести Најважни Свет

Жителите на Петриња ноќта ја минаа на отворено, тлото во Хрватска уште се тресе

Жителите на Петриње и Сисак и околината ноќта ја минаа надвор на отворено, а некои и под поставените шатори. Не се вратија во куќите и становите со напукнати и урнати ѕидови. На улиците запалија оган, децата спиеја во автомобилите, а татковците нервозно ги стискаа клучевите од возилата во случај да треба да се избега и од самата улица…Ноќта беше мирна, се до утринава кога два силни потреса повторно ги вознемирија луѓето. Во 6 и 15 се сучи едниот, а веднаш потоа и другиот, со интензитет од речиси 5 степени. Тлото ќе се тресе долго време, а ќе има и посилни земјотреси, велат од сеизмолошкиот завод.

Но, селото Мајске Пољање е најпогоденото место. Денеска речеиси и целосно го нема. Тука веќе нема куќи, луѓето ги загубија домовите… Им се вратија сеќавањата од војната.

Истрчавме од куќата кога почна, се е уништено внатре, не знам дали е безбедно да се влезе пак.  Се загубивме за време на војната, и сега повторно.

И жителите на Петриње се уште во шок. Освен децата, око никој не затвори. Со првите зраци на денот, отидоа да видат што им остана.

Имавме неколку земјотреси. Влеговме внатре во куќата само да ја видиме штетата. Тешка ноќ, можеби сум спиел само половина час.

Со голи раце се копа по урнатините за евентуално затрупани. Беа спасени луѓе кои над нив имало три метри шут. Исплашени , одбија да ноќеваат во спортската сала која беше адаптирана за нивен престој.

Но, спас немаше за 13-годишното девојче, доцна дојде брзата помош, обвинуваат мештаните кои се обидувале цели 40 минути да ја реанимираат. Засега има седум жртви и десетици повредени..

По главниот земјотрес вчера следуваа уште 39 помали потреси. Според експертите главната прчина се наоѓа далеку од самата локација, поточно на подрачјето на Јадран, кој е мала тектонска плоша што некогаш била дел од Африканската пплоча, а се одвоила пред милиони години. оваа мала плоша се вика Адрија и нејзиното движење и меѓуделување со Европа е причина за потресите во Хрватска, Италија, Босна, Словенија и сите околни региони. Од почетокот на 20 век, во Хрватска се регистрирани најмалку седум земјотреси со ист интензитет како оние почувствувани вчера во близина на Петриња, а најмалку четири посилни од нив.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе