Не стивнуваат реакциите за Новата концепција за основно образование. Голем дел од фелата , реагираше дека не се консултирани пред МОН да седне и да го смисли новиот наставен план. Од министерство пак го прикачија документот на нивната веб – страница и повикаа наставниците , професорите и сите засегнати да им се обратат преку мејл. Односно ќе имаат време додека учениците се на зимски распут да праќаат коментари, предлози и сугестии. Документот има 48 страни , а Нацрт-верзијата е објавена на пет јазици: македонски, албански, српски, турски и босански.
Денеска , историчарите повторно со реакција, професорскиот кадар на Институтот за национална историја, на поранешните директори и професори во пензија уште еднаш се огласија дека не биле известени за ваквите промени, и за тоа дека предметот историја ќе се спои со географија и граѓанско.
Подготовката на вакви суштински реформи во образовниот систем, кои директно задираат во концептуалното и системското изучување на историјата на национално ниво е невозможна без претходни темелни компаративни анализи со националните наставни програми во балкански контекст. Истите, пак, јасно покажуваат дека балканските земји, вклучително и земјите членки на ЕУ, го изучуваат предметот историја како фундамент во осознавањето и градењето на идентитетот на нацијата, сметаат Актуелни и поранешни професори од Институтот за национална историја
Инаку, освен спојувањето на предметите, меѓу новините кои се воведуваат е задолжителен престој на учениците во училиште и тоа 5 саати од прво до петто одделение , 6 саати од шесто до деветто одделение. Шест саати ќе биде задолжителен престој на наставниците во училиште. Ќе има девет задолжителни предмети, а новина е дека ќе бираат меѓу втор странски јазик и албански јазик. Споените предмети ќе важат за осноците од прво и од шесто одделение. Според најавите на министерката Царовска новиот концепт би стартувал во септември .
Теодороа Цветковска