Вести Македонија Најважни

АД Макпетрол со остра реакција на обвинувањата и нападите од опозициските пратеници

Говорот на омраза и навредите упатени кон МАКПЕТРОЛ, ТВ ТЕЛМА и нивното раководство од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се последица на неостварената желба на нивниот лидер да влијае врз уредничката програма на ТВ ТЕЛМА. ТВ ТЕЛМА отсекогаш била неутрален и објективен медиум, таков ќе остане и во иднина, и никогаш нема да служи за остварување на ничии партиски цели и интереси.“Макпетрол излњезе со жестока реакција на говорот на омраза на пратениците од опозицијата на маратонската седница за носењето на Законот со кој се решава долгогодишниот спор за сопственоста на гасовофот.

„Воопшто не сме изненадени од арогантноста, нивото на политичка култура и примитивизмот на дел од пратениците во Собранието на РСМ. Но, изненадени сме од изнесените навреди и невистини во врска со МАКПЕТРОЛ АД Скопје, ТВ ТЕЛМА и нивното раководство, како и од намерата да се блокираат евроинтеграциите на земјата со попречување на усогласувањето на домашното законодавство со ЕУ директивите, во конкретниот случај со Третиот енергетски пакет“- соопшти компанијата.

Велат обврска на МАКПЕТРОЛ е да го почитува Законот за енергетика, кој е усогласен со Третиот енергетски пакет, и мора да го продаде својот удел од 50% во ГА-МА, бидејќи повеќе не може истовремено да ги врши дејностите трговија и снабдување со природен гас и пренос на природен гас.

Потсетуваат дека Гама е формирана како акционерско друштво во сопственост на МАКПЕТРОЛ АД Скопје и Владата на РСМ, со по 50% од вкупниот основачки капитал на Друштвото, во износ од 37.612.500 евра. Но од  2006 година до денес, ГА-МА АД има инвестирано неколку десетици милиони евра во развој на гасоводниот систем на земјата.

Со цел да се утврди сегашната вредност на ГА-МА АД Скопје, пред реализација на трансакцијата е извршена проценка на пазарната вредност на Друштвото од страна на овластени проценители. Со проценката е утврдена пазарна вредност на ГА-МА АД во износ од 65.547.810 евра, од која вредност 50% во износ од 32.773.905 евра му припаѓаат на МАКПЕТРОЛ АД Скопје. Според тоа, на МАКПЕТРОЛ АД Скопје никој ништо не му подарува. Напротив, државата купува од МАКПЕТРОЛ АД Скопје капитален објект по реална цена, кој единствено денес функционира во областа на гасификацијата на РСМ.“

Од компанијата потсетуваат и дека Владата пред 4,5 години, го изгради најскапиот гасовод во светот. За кракот од Клечовце до Штип во должина од 60,6 километри потрошени се околу 65 милиони евра –мртва инвестиција која до ден денес не функционира, а од МАКПЕТРОЛ се купува функционален гасовод во должина од 205 километри.

Што се однесува до сопственичката структура на МАКПЕТРОЛ АД Скопје, истата е јавно достапна и може да се провери во надлежните институции, а не од собраниската говорница да се пласираат лаги од страна на поедини пратеници. Исто така, лага е дека се воделе преговори за продажба на ТЕЛМА на бугарски инвеститори. Станува збор за класична конструкција и манипулација, која нема допирна точка со реалноста.“

Од компанијата ги прашуваат пратениците од опозицијата, ако се толку многу загрижени за граѓаните  зошто експресно и без дискусија беше изгласан Законот за финансирање на политичките партии од буџетот на РСМ? Дали тука водеа сметка за парите и за потребите на граѓаните или за своите лични интереси?

Александра Филиповска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Уништени култури, земјоделците проценуваат штети – град со големина на орев „удри“ во Струмичко

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе