Вести Македонија Најважни

Анкета на Телма и МЦМС: За првите 100 дена, Владата доби двојка

На прашањето какo би ги оцениле 100-те дена работа на Владата:  2,46 е средната оценка што и` ја дале испитаниците во најновата анкета на Телма и МЦМС. На скалата од еден до пет – 11 % дале оцека 5,  14,2 % првите 100 дена ги оцениле со  четворка, 20,1 % ја оцениле работата на Владaта со тројкa, 19, 4 отсто со двојка, а 35,3 отсто ја оцениле Владата со – единица. Или просечната оценка за првите 100 дена е 2,46. Истражувањето е спроведено од М- Проспект во периодот од  16 до 24 декември, преку телефонска анкета, на репрезентативен  примерок од 1000 испитаници, со маргина на грешка 3% на ниво на доверба од 95%. Според резултатите од анкетата 61,9 отсто не сакаат Анекс на договорот за добрососедство со кои би се дале посебни гаранции за територијални претензии и немешање во внатрешните работи, без да се навлегува во идентитетските прашања. Наспроти 33,5 отсто од испитаниците кои се согласуваат таков анекс да има.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во сообраќајни несреќи најмногу гинат пешаците, покажуваат извештаите на МВР

Дејан Дејан

Во кочанската болница на рехабилитација се трисетина млади луѓе, кои имаат повреди од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Дејан Дејан

Мицкоски подготвен за средба во Кочани, откако родителите на жртвите ја одбија поканата за во Влада  

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе