Македонија

Пакистанец бара азил во земјава, го научил македонскиот јазик, работи како преведувач

Знае повеќе македонски песни, но ова беше изборот на младиот пакистанец кој тагува по своето семејство, ама стравот да се врати во неговиот роден Пакистан е поголем. Има 23 години, идентитетот не го открива за да не влијае врз постапката за азил.

Ако не дај Боже да не даде тој ден, ако ми откажат нема да свратам, оти многу ми е убаво, супер ми е. Се што сакав Господ ми даде, зошто да одам Германија, Франција, Норвешка? Сакам да добијам да оженам, не сакам да крадам, да бегам, чист како што ме научија, вели тој.

Тука живее веке двеипол години и е решен да остане. Патот на ова момче до земјава не бил нималку лесен.

Сакам да кажам дека патот е тежок, немаше храна, многу луѓе што умреа не можев да ги кренам во 2012. Ние сме 50 души, беше ладно, двајца паднаа доле не може да ги фатиш, не може да ги носиш. Таму сите за себе гледаат, сведочи тој.

Се разделил од неговите на само 14 години, на 1. јануари 2012 го напуштил домот, сам без никој близок. Границата од Пакистан во Иран ја преминал со помош на криумчар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стојановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе