Ковид19 Македонија Најважни

Гласната музика ја замениле со полициски сирени – 29 лица се забавувале па биле приведени

За десетици лица во скопско забавата вчера завршила на најнеславен можен начин – во полициска станица. Гласната музика ја замениле со полициски сирени затоа што во најкризните недели од Ковид-пандемијата се собрале на едно место необрнувајќи внимание на мерките и ограничувањата, што барем на хартија – важат за сите. И не само таму, полицајците ловеле прекршувачи на мерките и во други градови.

Ова е период со многу работа за луѓето во сини униформи. Повеќе денови наназад се зборува за тој оперативен план на безбедносните служби, во кој детално треба да биде опишано како полицајците ќе постапуваат со сите оние коишто се подготвуваат да ја прекршат секоја мерка за да ја дочекаат Новата година на ист начин како што ја дочекале и лани, и преклани и сите изминати години наназад. Министерот за внатрешни работи потсети дека кривични пријави ќе следуваат за сите коишто најигнорантно ќе ги прекршат мерките на новогодишната ноќ.

Полиција и војска на улиците не е единствена рестриктивна мерка, доволно е што угостителските објекти затвораат во 18 часот и не е дозволено групирање – така се превенира ширењето на Корона, одговори министерот на новинарско прашање. Но, тоа не секаде е случај. Полицајци од СВР Скопје заедно со пазарни инспектори на терен провериле 285 угостителски објекти, а во четири затекнале тоа што го барале – непочитување на пропишаното работно време. Сопствениците на ваквите објекти од кои по еден во Аеродром и во Гази Баба и двајца во Сарај – добиле кривични пријави. Во струшко Велешта пак, приведени се двајца сопственици поради работење по дозволеното време, а приведен е и угостител во Тетово.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Уништени култури, земјоделците проценуваат штети – град со големина на орев „удри“ во Струмичко

Дејан Дејан

И политичарите собираа ѓубре – заедничка акција за почиста Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе