Наставниците, професорите, експертите по сите области може до 20 јануари да испраќаат свои коментари, предлози и сугестии за унапредување на содржината на Нацрт-верзијата за концепцијата за основното образование, соопшти Министерството за образование и наука . Сите предлози може да се испратат на електронската адреса [email protected]. А нацрт верзијата е достапна на 5 јазици . Според најавите на министерката Царовска во септември би стартувал новиот концепт со интегрирани предмети во основното образование, и тоа со учениците од прво и од шесто одделение. Сукцесивно ќе се продолжува во останатите одделенија и би требало во период од 5 години целосно да се промени образовниот систем. Според неа ниту еден наставник нема да ја изгуби работата. Една од главните новини е тоа што Концепцијата предвидува комбинирање на повеќе научни дисциплини, кои досега се изучуваа посебно. Меѓу новините кои се воведуваат е задолжителен престој на учениците во училиште и тоа 5 саати од прво до петто одделение , 6 саати од шесто до деветто одделение. Шест саати ќе биде задолжителен престој на наставниците во училиште. Ќе има девет задолжителни предмети, а новина е дека ќе бираат меѓу втор странски јазик и албански јазик. Повеќе институти и студентски организации изразија негодување со предложената Нацрт-концепција
МОН чека до 20 јануари предлози за подобрување на „Концепцијата за основното образование“
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.