Два угостителски објекта во Аеродром и Карпош се затворени по вчерашната акција на СВР Скопје и Државниот пазарен инспекторат. Во моментот кога полицијата и инспекторите ги посетиле локалите во 18: 55 минути тие се уште работеле и по дозволеното работно време. Сопствениците се санкционирани, но и гостите кои се противеле да ја прекинат својата веселба.
Дури во објектот во општина Аеродром имавме гости кои што не сакаа да го напуштат локалот и мораше и тие да бидат лишени од слобода, а приведено е и одговорното лице, сопственикот на објектот. Против нив се користат соодветни кривични пријави. Постојано имаме угостителски објекти кои не го почитуваат работното време. Еве покрај овие два објекта во Скопје вчера имаме и еден објект во Тетово каде што се затекнати 12 лица внатре кои биле послуѓени со пијалоци и работели по 18:00 часот, изјави портпаролот Тони Ангеловски
Во интензивните проверки на терен во континуитет е вклучен и Државниот пазарен инспекторат.
Од вчера имаме извршени над 69 контроли во Штип, во Куманово 89. На ниво на цела Македонија се затворени пет локали, 2 во Струга, еден во Тетово и 2 во Скопје. Истите се затворени заедно Министерството за внатрешни работи. Она што е најмногу констатирано е непошитување на работното време, изјави Александра Котели, Државен пазарен инспекторат
Во пресрет на новогодишните празници граѓаните со поделени ставови во која мера се почитуваат мерките.
Во текот на вчерашниот ден полицијата запленила над 3000 пиротехнички средства од дом на едно лице од Вевчани, и од едно лице на пазар во Свети Николе. СВР Скопје во соработка со Државниот пазарен инспекторат во текот на минатото деноноќие во Скопје извршиле контроли во 270 угостителски објекти.
Нина Стефанова