Вести Свет

(видео) Заледени улици во Анкара, возачите немоќни да ги контролираат возилата

Хаос во сообраќајот и оштетени возила предизвика снегот во Анкара, кој врне речиси цела недела, но последните три дена ги заледи улиците. Градските власти не успеаа да ги одмрзнат споредните улици во градот, каде возачите беа немоќни да ги контролираат своите возила, и се судираа едни во други. Комбинацијата од снег, заледен дожд и температура под нулата степени предизвика многу сообраќајни несреќи во главниот град на Турција. Од видеата на социјалните мрежи се гледа колку навистина била опасна целата ситуација, но за среќа нема повредени учесници во сообраќајот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Уништени култури, земјоделците проценуваат штети – град со големина на орев „удри“ во Струмичко

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе