Вести Македонија

И покрај забраните, некои кафеани продолжуваат со работа по 18 часот

Два угостителски објекта во Аеродром и Карпош се затворени по вчерашната акција на СВР Скопје и Државниот пазарен инспекторат. Во моментот кога полицијата и инспекторите ги посетиле локалите во 18: 55 минути тие се уште работеле и по дозволеното работно време. Сопствениците се санкционирани, но и гостите кои се противеле да ја прекинат својата веселба.

Дури во објектот во општина Аеродром имавме гости кои што не сакаа да го напуштат локалот и мораше и тие да бидат лишени од слобода, а приведено е и одговорното лице, сопственикот на објектот. Против нив се користат соодветни кривични пријави. Постојано имаме угостителски објекти кои не го почитуваат работното време. Еве покрај овие два објекта во Скопје вчера имаме и еден објект во Тетово каде што се затекнати 12 лица внатре кои биле послуѓени со пијалоци и работели по 18:00 часот, изјави портпаролот Тони Ангеловски

Во интензивните проверки на терен во континуитет е вклучен и Државниот пазарен инспекторат.

Од вчера имаме извршени над 69 контроли во Штип,  во Куманово 89. На ниво на цела Македонија се затворени пет локали, 2 во Струга, еден во Тетово и 2 во Скопје. Истите се затворени заедно Министерството за внатрешни работи. Она што е најмногу констатирано е непошитување на работното време, изјави Александра Котели, Државен пазарен инспекторат

Во пресрет на новогодишните празници граѓаните со поделени ставови во која мера се почитуваат мерките.

Во текот на вчерашниот ден полицијата запленила над 3000 пиротехнички средства од дом на едно лице од Вевчани, и од едно лице на пазар во Свети Николе. СВР Скопје во соработка со Државниот пазарен инспекторат во текот на минатото деноноќие во Скопје извршиле контроли во 270 угостителски објекти.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе