Вести Македонија Топ вести

Не стивнуваат реакциите за најавените реформи во основното образование

Реформите воосновното образование , продолжуваат да ја бранува јавноста. Министерката за образование Царовска не остапува од најавите за промените во образовниот систем , а вчера беше и презентирано како ќе изледа новиот наставен план. За  новиот концепт со споени предмети за прво и шесто одделение, денеска реагираа наставниците по ликовно и музичко, чии предмети исто така се спојуваат. Од здружението на ликовни педагози велат дека со предложените промени, најмногу ќе изгубат учениците, но и наставниот процес затоа што предметот ликовно образование е посебен предмет и дека истиот нема поврзаност со изборните предмети. Претседателката  на музичики педагози, Гелеска  во изјава за Телма , вели дека се уште не им е јасно какви ќе бидат измените и дека доколку се намали фондот на часови, основците ќе изгубат од континуитет.

Денеска реагираа пристигна и од Институот за социологија. Тие сметаат дека ова е несериозен пристап, кој пак не е за изненадување. Всушност, се продолжува со една вообичаена практика нетранспарентно „реформирање“ на нашето образование кое веќе повеќе заличува на „невладина организација“ отколку на сериозна институција, велат од таму.  А и понатаму додаваат  дека не може да се споредуваме со земја како Финска, бидејќи таму наставниците се подобро платени , мора да се магистри за да може да предаваат , а кај нас на студиите по одделенска настава на Педагошкиот факултет во Скопје се запишуваат млади со просечен со убедливо најлош просек на УКИМ.

И додека не стивнуваат реакциите од академската фела, премиерот Заев денеска ја дообјаснуваше министерката Царовска дека нема да се вклучени само педагозите туку декаа во подготовката на реформата во основното образование ќе бидат консултирани сите засегнати, почнувајќи од учителите и наставниците, универзитетски професори, како и МАНУ.

Инаку, академиците од МАНУ вчера излегоа со соопштение во знак на поддршка на институт велејќи дека тајмингот во којшто се носи концепт би можел да го деградира местото на предметот историја и на самата историска наука и да ја доведе во прашање автономноста на историската наука и на образовниот процес. Новиот концепт треба да почне од септември а  реформите ќе чинат дополнителни 20 милиони евра ,  се очекува и странска помош.

Теодора Цветковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе