Вести Најважни Свет

Брнабиќ и Вучиќ ќе примат различни вакцини против КОВИД 19

Во Србија денеска почна вакцинацијата против коронавирусот, а првата вакцина ја прими премиерката Ана Брнабиќ.

Таа јавно ја прими вакцината  на „Фајзер“ во Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак. Веднаш по неа, вакцината ја прими и епидемиологот Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, како и членот на кризниот штаб, епидемиологот д-р Предраг Кон.

„Денес е дефинитивно ден за насмевка. Конечно по 6 март, можеби за прв пат сега имаме причина да се насмееме. Ова претставува почеток на крајот на коронавирусот – изјави премиерката Ана Брнабиќ и додаде дека чувствува потреба да биде прва во Србија за да покаже со својот пример дека верува во вакцината и институциите.

Таа рече дека со претседателот Вучиќ се договориле да примат различни вакцини , тој веројатно ќе прими вакцина од следниот контингент.

Првите количини на вакцината во Србија пристигнаа во вторникот, а денеска ќе ги примат корисниците на домови за стари лица во Белград и Нови Сад,  а од утре во Ниш. Веднаш по нив, вакцината ќе ја примат и здравствените работници. Србија е прва земја во регионот што ја доби вакцината од компаниите „Фајзер“ и „БиоНТек“ преку потпишан договор за 1,8 милиони дози, кои ќе пристигнуват квартално.

Во вторникот, 4.875 дози на вакцината Фајзер пристигнаа во Србија, а други 20.000 дози ќе пристигнат на почетокот на јануари. Наскоро се очекува да се даде дозвола за употребата и на вакцината Спутник V, како и на кинеската вакцина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе