Вести Најважни Свет

Брнабиќ прва ја прими вакцината против КОВИД 19 во Србија, Вучиќ ќе ја чека следната пратка

Србија е третата земја во Европа, која почна масовна имунизација своето население против корона вирусот. Овој процес, вчера го започна Швајцарија, претходно и Велика Британија, а земјите од ЕУ вакцинацијата ќе ја почнат овој викенд.

Првата граѓанка која во Србија ја прими вакцината беше премиерката Ана Брнабиќ. Камерите и фотоапаратите беа собрани во Институтот за вирусологија Торлак во Белград, каде Брнабиќ дојде релаксирана, потпиша изјава, и откако и беше измерена и температура, беше имунизирана. Веднаш по неа министерката за труд и член на Кризниот штаб, Дарија Кисиќ и епидемиологот Предраг Кон. Со овој чин се надеваат дека ќе помогнат во убедувањето на српското население дека вакцината е безбедна.

Денеска секако е ден за насмевки. Конечно, по 6-ти март оваа година, ми се чини дека е прв ден кога имаме причина за насмевка. Затоа што денеска е денот со кој се одбележува почеток на крајот на пандемијата со корона вирусот, секако во Србија, но и во цела Европа и светот, порача Брнабиќ.

Почнуваме со контра-офанизва во борбата со овој вирус, рече и претседателот на српскиот Кризен Штаб.

Почнуваме борба со оружје во рака, а тоа во овој случај е вакцината. Сакам тоа така да го прикажам затоа што и во овој миг ситуацијата е вонредна, во нашите болници. Огромен е напорот на здравствените работници да се зачуваат животите. Правиме се што е во наша моќ да им ја пренесеме на луѓето вистинската порака, и мислам дека тоа и денеска го правиме, изјави д-р Предраг Кон, претседател на Кризниот Штаб.

Првите количини на вакцината во Србија пристигнаа во вторникот, поточно 4.875 дози, со кои ќе се вакцинираат 2.400 луѓе од седуммилионското население. Први ќе примат корисниците на домови за стари лица во Белград и Нови Сад,  а од утре во Ниш. Веднаш по нив, и здравствените работници.

Србија е прва земја во регионот што ја доби вакцината од компаниите „Фајзер“ преку потпишан договор за 1,8 милиони дози, кои според Брнабиќ ќе пристигнуват квартално. Следната доза се очекува за десетина дена, кога ќе биде вакциниран и претедателот Вучиќ. Наскоро се очекува да се даде дозвола за употребата и на вакцината Спутник V, како и на кинеската вакцина.

Фајзер ги спакува кутиите со вакцини и ја почнува дистрибуцијата во земјите од ЕУ. Дел од државите, како Данска рекоа дека сакаат побрзо да почнат со процесот, но Холандија и уште неколку земји сакаат да почекаат до јануари поради проблеми со системот за регистрација. Сепак,  договрено е имунизацијата да почне во еден ден, а тоа е 27 декември. Приоритетните групи ги одредува секоја земја посебно.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан ја обвини Индија за ракетни напади врз воени бази

Дејан Дејан

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната во Украина е оправдано

Дејан Дејан

Обинителство отвори истрага против пет лица за убиството во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе