Македонија Најважни

МОН останува на концептот, историчарите може да се пријават на конкурс?!

Освен педагози и психолози, во оваа фаза на носење на нов концепт за основно образование, министерката за образование не планира да вклучи никој друг. Вели дека тие се најрелевантни да го создадат современото образование во нашата држава. На МАНУ, Институтот по историја и Македонското географско друштво и сите кои регираа деновиве и бараа предметите да опстојуваат посебно, деновиве им порача дека, можат да се пријават на конкурс ако сакаат да учествуваат во изработка на наставните програми.

Царовска тврди дека има поддршка за концептот од коалиционите партнери во власта, и покрај поединечните реакции на претседателот на Собранието, Талат Џафери и коалициониот партнер Павле Трајанов, дека реформата е избрзана.

На прашањето, дали дел од концептот, кој предвидува одредени предмети и содржини да се развиваат од училиштата, го нарушува уставното право на пристап до образование под еднакви услови за сите, согласно член 44 од Уставот, од работната група велат дека, секој ученик има право на образование, но не секој треба да се стави во ист калап.

Доколку се изгласа, новиот концепт со интегрирани предмети би стартувал во основното образование, и тоа со учениците од прво и од шесто одделение. Постепено ќе продолжи во останатите одделенија и би требало во период од 5 години целосно да се промени образовниот систем. Учењето нема да биде врзано само со еден извор и ќе може да се користат различни извори за учење. Наставниците ќе продолжат да си ги предаваат предметите за коишто и претходно држеле настава и ќе мора да се договараат меѓу себе кој кога да предава. Ќе се изработат нови учебници, з акои тврдат дека во буџетот на државата има пари. Обемот на содржините во секој наставен предмет – што, и во која мера ќе се учи, ќе го утврди тимот за изработка на наставни програми.

Меѓу новините кои се воведуваат е задолжителен престој на учениците во училиште и тоа 5 саати од прво до петто одделение (3-3,5 саати во настава) и 6 саати од шесто до деветто одделение (4-4,5 саати во настава). Шест саати ќе биде задолжителен престој на наставниците во училиште.

Ќе има девет задолжителни предмети, а новина е дека ќе бираат меѓу втор странски јазик и албански јазик. Со новата концепција, иако бројот на часови за уметничко образование е намален во споредба со фонд на часови за музичко и ликовно образование, министерката вели дека преку слободните изборни предмети учениците кои покажуваат афинитет и талент за уметностите имаат можност да се определат и изберат модул од уметностите во текот на сите одделенија на основното образование.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Штипјанец кој палел огномети, со години ја лажел полицијата дека има фирма за таа намена

Дејан Дејан

Трамп и Путин согласни за крај на војната во Украина

Дејан Дејан

Тахири: Ова е политички момент кој Таравари ќе сака да го употреби за да го оправда неговото политичко дејстувување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе