Македонија

Почина професор Борислав Каранфилски, основач на нуклеарната медицина во Македонија

Во 92-та година од животот почина професорот Борислав Каранфилски, еден од основачите на нуклеарната медицина во нашата земја, исклучител експерт по патофизиологија и тиреологија.

Тој има исклучително значење и посебен придонес за основањето на амбулантата за заболувања на тироидната жлезда, која ја развивал и унапредувал во континуитет.

Борислав Каранфилски завршил основно образование и гимназија во Куманово а студирал на медицинскиот факултет во Скопје, каде дипломирал 1955-тата година. Две години подоцна ја завршил школата за примена на радиоактивни изотопи во институтот за нуклеарни науки „Борис Кидриќ“ во Винча, Белград.

1977-та година бил избран за редовен професор а професионално се усовршувал во реномирани клиники во Шведска, Англија, СССР и САД.

Во текот на својот професионален живот, вршел повеќе значајни функции во здравствениот систем, бил директор на Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина, шеф на Катедрата за патофизиологија со нуклеарна медицина, декан на Медицинскиот факултет во Скопје и проректор на УКИМ. Соосновач е на лабораторијата за радиоизотопи при Институтот, а бил и претседател на Здружението на нуклеарна медицина на Југославија.

Борислав Каранфилски е автор на повеќе од 180 трудови, кои биле објавени во домашни и странски специјализирани медицински списанија, додека бил автор или коавтор и на 8 учебници и 5 монографии од нуклеарната медицини и патофизиологијата.

За својот придонес во развојот на македонската медицина, добил повеќе значајни награди и признанија, меѓу кои наградата “11-ти Октомври” за животно дело, Орден за заслуги за народ со сребрена ѕвезда, Орден на трудот со златен венец, Орден на заслуги за народ со сребрени зраци, Орден на Републиката со сребрен венец и други.

Погребот на професорот Борислав Каранфилски ќе биде извршен утре на градските гробишта во Скопје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Флакрон Беџети си поднесе оставка на функцијата заменик министер за земјоделство

Дејан Дејан

Штипјанец кој палел огномети, со години ја лажел полицијата дека има фирма за таа намена

Дејан Дејан

Тахири: Ова е политички момент кој Таравари ќе сака да го употреби за да го оправда неговото политичко дејстувување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе