Вести Македонија

Изработeн план за спас на Преспанското езеро, се чека владата да го одбори

Со итен акциски план централната и локалната власт заедно со домашни и странски експерти ќе го решаваат долгогодишниот тренд на намалување на водата на Преспанското Езеро. За спречување на ваквиот тренд, министерот Нуредини нагласи дека потребна соработка со Албанија и со Грција и комитетот на работните групи.

Работната група на експерти за спас на Преспанското езеро со претставници од надлежните институции од Академијата и од невладиниот сектор  ја заврши нашата домашна задача. Со исклучителен и студиозен напор експертската работна група пристапи кон изработка на итен акциски план со мерки и приоритетни активности за спречување на намалување на водата на преспанското езеро.

Во меѓувреме покрај пандемијата со Ковид 19 земјава со соочува и со алармантно загадување на воздухот. За екологистите фактот дека само 77 милиони 330 илјади денари од вкупниот буџет се издвоени за решавање на овој проблем е загрижувачки.  За Нуредини пак соработката со останатите министерства е можно решение.

Кога го гледате буџетот треба да бидете свесни дека секоја институција во нашава држава, секое министерство има буџет  за инвестиции во животната средина , на пример Министерството за транспорт имаат буџет за гасификација во нашата земја што ќе помогне за намалување на загадувањето на воздухот во нашата држава. Министерството за економија исто има програма за субвенционирање за греењето на домаќинствата , Министерството за финансии има има исто заем од 25 милиони за инвестирање во ефикасна енергија .

Во врска со фактот што инспекторатот за животна средина го оспорува елаборатот на фирмата Ремондис, која сака да работи на Кванташки веднаш до индустрија за храна и зошто како таков е одобрен од Министерството за животна средина, министерот Нуредини вели дека ја поддржува работата на Инспекторатот и  дека побарал да се разгледа уште еднаш елаборатот и да се осигура дека се е во ред.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Камиони со хуманитарна помош влегоа во Газа по, речиси, три месеци

Дејан Дејан

Се воведува систем за влез/излез – ЕУ и ЕП постигнаа договор за укинување на печати во пасошите

Дејан Дејан

Флакрон Беџети си поднесе оставка на функцијата заменик министер за земјоделство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе