Најважни Свет

Во Италија бројот на починати oд корона како во периодот на Втора Светска војна

Претседателот на државниот институт за статистика Истат, Карло Блањардо проценува дека оваа година во Италија ќе има околу 700 илјади починати, речиси сто илјади повеќе од минатата година.

– Тоа е како бројот на жртви во војната, последен пат во Италија беше забележан таков број на смртни случаи во 1944 година, изјави Блањардо за телевизијата РАИ.

Весникот „Ил Фато Котидијано“ коментира дека неговите зборови ја потврдиле споредбата што новинарите и научниците често ја користат кога пишуваат за коронавирусот, како што е на пример „војна против пандемијата“ и слично.

Претседателот на локалниот огранок на моќната Конфиндустрија Мачерата, Доменико Гузини,  зборувајќи за жртвите на Ковид-19, рече: „Ако некој умре (од ковид), се плашиме“, а значењето е „па што“.

Неговите зборови предизвикаа вистинска бура на негодување, осуда и саркастични коментари на социјалните мрежи, а видеото каде зборува Гузини се шири на социјалните мрежи.

Неговото извинување не беше доволно за да се смири скандалот, па Конфиндустрија официјално ја започна постапката за утврдување дали Гузини, како член на Конфиндустрија, ги прекршил етичките и моралните правила на федерацијата.

Претседателот на територијалната асоцијација Мачерата (здружение кое ги собира и претставува сите компании на одредена територија) рече дека „ваквите нехумани зборови не може да ги толерира ниту на некој хејтер на социјалните мрежи, а камоли од некој што е член на ваква реномирана организација“.

Конфиндустрија Мачерата ја затвори својата страница на Фејсбук поради големиот број коментари и вербални напади од револтирани граѓани

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Единство на Црквата, дипломатија, финансии – дел од предизвиците за папата Лав XIV

Дејан Дејан

Васил Јованов призна вина, родителите на Фросина бараат максимална казна од 20 години – пресудата на 13 мај

Дејан Дејан

Телма со детали за убиството во Штип кое личи на сцена од гангстерскиот филм „Кум“- пресметка на двајца турски државјани во кафуле, полициска потера и организирано бегство со две коли

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе