Вметнувањето на одредницата за “погрешно толкување на историјата” е отстапка за Бугарија, која постојано инсистира на ова прашање во контекст на усвојувањето на преговарачката рамка на нашата држава со Европската Унија, оцени во вечерашната Топ Тема, заменик министерот за локална самоуправа, Зоран Димитровски. Според него, на овој начин во заложништво се става целиот Западен Балкан.
Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ, оцени дека ова е уште еден доказ дека за разлика од лагите на СДСМ, Бугарија не е сама во блокирањето, односно веќе има консензус на ниво на земјите членки, со кој не се овозможува отворањето на преговорите.