Економија

Стопанската комора предлага мерки за заживување на економијата во постковид-19 периодот

Поради пандемијата, извозот во земјава е намален на под 11%, велат од Царинската управа. А, според Стопанската комора тој паднал над 13%. Со цел подобрување на економијата и раст на извозот, од Стопанската комора подготвија сет мерки за опстанок на компаниите во овој , но и во постковид периодот. 

Пандемијата зададе силен удар врз стопанството. Во првите 11 месец од годината увозот е намален за 7% во однос на истиот период лани, а извозот е помал за помалку од 11%, велат од Царинската управа. Според податоци на Стопанската комора,  за 10 месеци, колку што интензивно трае здравствената криза, извозот е намален за над 13% . Помалите компании не го преживеаја ударот. Неопходна е помош за подобрување на ликвидноста на поголемите компании кои се соочуваат со различни предизвици сега, а ќе ги трпат и понатаму, зашто ситуацијата е неизвесна, велат од Стопанската комора.

Дали да ги задржат вработените, дали можат да ги исполнат, односно дали функционираат со целосни или со половични капацитети? Согласно на тоа, за нив подршката е од аспект на ликвидност може да биде од различни аспекти – Билјана Пеева Ѓуриќ- в.д. извршен директор на Стопанската комора на Македонија.

Со цел, раст на извозот и стимулирање на протокот на стоки низ границите, СКМ во соработка со надлежните министерства, во рамките на Платформата за приватно- јавен дијалог, изготви сет од приоритетни мерки за помош на компаниите. Со нив ќе се раздвижи економијата на долг рок и ќе се ублажи трговскиот дефицит, сметаат од Комората.

Прво, потребата за развижување на надворешно –трговската размена , во насока на зголемување на извозот. Намалување или потребата за ревидирање на царинските стапки, што како активност започна пред неколку месеци. Меѓутоа оваа активност не може да биде еднократна и мора да се одвива во неколку фази. Останува потребата  за намалување, односно ревидирање на увозни и извозни давачки и потребата за поедноставување или укинување на непотребните административни процедури – Билјана Пеева Ѓуриќ- в.д. извршен директор на Стопанската комора на Македонија.

За да се зачуваат работните места, потребно е превземање мерки за извозно ориентираните компании, воведување механизам за поттикување на нето-извозот, со цел повисока додадена вредност на производите, пронаоѓање алтернативни пазари, даночни олеснувања и одржување непрекината врска на транспортните коридори, не само со земјите од регионот, туку и со тие од ЕУ, со кои ние и останатите земји од регионот остваруваме 70% од вкупната надворешно- трговска размена, дополуваат од СКМ. Од Царинската управа рекоа дека трајат разговори за проширување на зелените коридори за непречен транспорт на стоки.

Веќе се интензивирани состаноците помеѓу DIGItax-от, ЦЕФТА Секретаријатот и царинските администрации во рамките на ЦЕФТА. Еве, вчера имаше состанок веќе трет по ред после Берлинскиот процес, каде што се донесе заклучок за проширување на овие зелени коридори – Ѓоко Танасоски- директор на Царинска управа.

Потребни се и измени на Законот за царинска тарифа и нејзино усогласување со потребите на бизнис заедницата, беше речено на средбата со медиумите.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Да се забрза транспортoт на храна кон Косово

Дејан Дејан

ЕСМ на тронот по загуби, МЕПСО зголемува плати и вработува

Дејан Дејан

Дурмиши: Ако има поскапување поголемо од 15 проценти, ќе активираме поригорозни мерки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе