Поради пандемијата, извозот во земјава е намален на под 11%, велат од Царинската управа. А, според Стопанската комора тој паднал над 13%. Со цел подобрување на економијата и раст на извозот, од Стопанската комора подготвија сет мерки за опстанок на компаниите во овој , но и во постковид периодот.
Пандемијата зададе силен удар врз стопанството. Во првите 11 месец од годината увозот е намален за 7% во однос на истиот период лани, а извозот е помал за помалку од 11%, велат од Царинската управа. Според податоци на Стопанската комора, за 10 месеци, колку што интензивно трае здравствената криза, извозот е намален за над 13% . Помалите компании не го преживеаја ударот. Неопходна е помош за подобрување на ликвидноста на поголемите компании кои се соочуваат со различни предизвици сега, а ќе ги трпат и понатаму, зашто ситуацијата е неизвесна, велат од Стопанската комора.
Дали да ги задржат вработените, дали можат да ги исполнат, односно дали функционираат со целосни или со половични капацитети? Согласно на тоа, за нив подршката е од аспект на ликвидност може да биде од различни аспекти – Билјана Пеева Ѓуриќ- в.д. извршен директор на Стопанската комора на Македонија.
Со цел, раст на извозот и стимулирање на протокот на стоки низ границите, СКМ во соработка со надлежните министерства, во рамките на Платформата за приватно- јавен дијалог, изготви сет од приоритетни мерки за помош на компаниите. Со нив ќе се раздвижи економијата на долг рок и ќе се ублажи трговскиот дефицит, сметаат од Комората.
Прво, потребата за развижување на надворешно –трговската размена , во насока на зголемување на извозот. Намалување или потребата за ревидирање на царинските стапки, што како активност започна пред неколку месеци. Меѓутоа оваа активност не може да биде еднократна и мора да се одвива во неколку фази. Останува потребата за намалување, односно ревидирање на увозни и извозни давачки и потребата за поедноставување или укинување на непотребните административни процедури – Билјана Пеева Ѓуриќ- в.д. извршен директор на Стопанската комора на Македонија.
За да се зачуваат работните места, потребно е превземање мерки за извозно ориентираните компании, воведување механизам за поттикување на нето-извозот, со цел повисока додадена вредност на производите, пронаоѓање алтернативни пазари, даночни олеснувања и одржување непрекината врска на транспортните коридори, не само со земјите од регионот, туку и со тие од ЕУ, со кои ние и останатите земји од регионот остваруваме 70% од вкупната надворешно- трговска размена, дополуваат од СКМ. Од Царинската управа рекоа дека трајат разговори за проширување на зелените коридори за непречен транспорт на стоки.
Веќе се интензивирани состаноците помеѓу DIGItax-от, ЦЕФТА Секретаријатот и царинските администрации во рамките на ЦЕФТА. Еве, вчера имаше состанок веќе трет по ред после Берлинскиот процес, каде што се донесе заклучок за проширување на овие зелени коридори – Ѓоко Танасоски- директор на Царинска управа.
Потребни се и измени на Законот за царинска тарифа и нејзино усогласување со потребите на бизнис заедницата, беше речено на средбата со медиумите.
Сотир Трајков