Култура

Почина Благоја Стефановски, поранешен министер за култура и директор на НТ-Битола

На 67 годишна возраст почина Благоја Стефановски- Баге, поранешен министер за култура, директор на Битолскиот театар , театарски менаџер и актер.

Иако боледувал од друга болест, при направен тест, Стефановски бил позитивен за коронавирусот.

Баге беше директор на НТ-Битола во неговите златни години од 1975 до 1980. Тој е заслужен за големите успеси кои овој театар ги постигна, не само дома и во регионот, туку и на гостувањата во страство, обиколувајќи половина од светот со ансамблот. Стефановски беше министер за култура од 2002 до 2006 година, во владата на Бранко Црвенковски, а потоа го формира приватниот „Мал драмски театар“ во Битола.

Стефановски беше еден од креаторите на Новата европска театарска асоцијација и селектор на Фестивалот на камерен театар „ Ристо Шишков“ во Струмица. Добитник е на наградата „ 4 Ноември“, која минатата година ја доби од Општина Битола.

Ќе остане запаметен како човек кој својот професионален театарски идеал го исполни во целост и како соработлив и непосреден човек.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе