Вести Македонија Топ вести

Распродажбите на Блек фрајдеј го победија коронавирусот, моловите преполни со купувачи

Редици луѓе во моловите кои чекаат да ги искористат попустите и во исто време луѓе како чекаат по болниците, чекајќи за слободен кревет и молат за живот се нашето секојдневие.  Дали живееме во паралелни светови? Загриживачки слики и видеа на социјалните мрежи. Надлежните институции треба да бидат свесни дека кризна состојба и Black Friday не одат заедно доколку го знаете менталитетот на народот и пред да се лоцира вината треба да се размисли, смета професор Пановски.

Секогаш се лоцира вината од страна на властите кај народот меѓутоа ако си го знаете каков е народот, каков е менталитетот, а не е ништо поразличен од западна Европа каде што имаат по 1000 мртви на ден. Младите и средната возраст особено се интелектуалци и поголем број од нив се т.н функционално себични. Сакаат да си го тераат животот, не дека не веруваат во вирусот. Тоа се случува особено во Америка и во повеќето западни земји, ако ги исклучиме скандинавските земји. Тоа не се случува на Истокот и во Азија. И ако знаете каков е менталитетот не треба да ги дозволите овие работи во пикот на пандемијата. Нели сега сме на платото на епидемијата ?! Можеше да се почека малку.  

Кој е Вашиот став кога станува збор за вентилацијата, за климатизацијата на тие големи простори ?

Природната вентилација е одлична, но таа сега е невозможна. Таму е невозможна ниту летно време. Они имаат вентилација, но тоа треба инженери да кажат каков тип е. Се надевам дека вентилацијата е слична на она што го има во авионите и во модерните автобуси. Да речеме во авионите 12 пати се менува воздухот, значи од надворешна средина, затоа никој не се разболе и нема кластери во авионите каде што е многу мал просторот. Требаше многу да се вложува, особено во фирми и претпријатија  каде што е мал просторот на тие прочистувачи на воздух и многу е важно воздухот да биде некаде на 60 % влажност, тогаш вирусот најмалку опстанува во воздухот. Не треба да биде премногу влажно бидејќи тогаш се создаваат габи, мувли, меѓутоа сувиот воздух особено оние што имаме парно греење треба да навлажнуваме, нешто да ставаме на радијаторите, нешто да се суши, на пример алишта или вода. 

Граѓаните сметаат дека луѓето би требало во моментов да се воздржат од ситуации кои можат да бидат ризични за нивното здравје. Во меѓувреме здравствените работници се веќе исцрпени и капацитетот на медицински лица е ограничен. Граѓаните треба да бидат свесни дека нивното своеволие го загрозува и индивидуалното и колективното здравје, велат лекарите.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мелони: Средбата со Вeнс и фон дер Лајен може да биде „нов почеток“ во односите меѓу САД и ЕУ

Дејан Дејан

Фетаи: Нашиот пат никогаш не минува преку Али Ахмети

Дејан Дејан

Израелските сили опколија болница во Газа, Хамас нуди услови за примирје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе