Поранешната болница Мала Богородица- Систина сега хотел Ибис стајлс е понудата која приватните болници му ја доставиле на министерот Филипче како медицински капацитет за државни потреби во прогласената кризна состојба.
Хотелот односно поранешната гинекологија на Систина се наоѓа во Тафталиџе, во трговскиот центар Олимпико и во моментот не се користи поради затворањето на хотелите.
Според сознанијата на Телма Главниот кризен штаб во подготовката на нацрт планот за справување со кризната состојба покрај стоте легла понудени од приватните клиники, а сместени во поранешната Мала Богородица, планира и побрза разработка на модуларните болници кои во некои градови веќе се градат, но и пренамена на спортски сали и други објекти во здравствените капацитети. Плановите предвидуваат и поголема употреба на Армијата, но главен столб и приоритетит на Главниот кризен штаб ќе се определуваат согласно потребите на здравствениот сектор.
Нацрт планот ќе биде подготвен до 16 часот кога ќе биде предаден на разгледување и усвојување на Главниот кризен штаб и кога ќе дојдат сите барања на здравствениот сектор за помош во борба против пандемијата. Во државата поради корона веќе имаше локална кризна состојба во Дебарско, а државата веќе еднаш има прогласено кризна состојба на цела држава.
Најголемиот проблем останува обебзедување на дополнителни болнички кревети бидејќи државните капацитети, но и специјализираните оддели на приватните болници се речиси исполнети до последното место.
Министерот за здравство Венко Филипче отпочна преговори со приватните болници кои се подготвени за помош, но исто така со полни капацитети. Решението кое го понудија е старата гинекологија на Систина, Мала Богородица, односно третиот кат во Олимпико каде сега е затворениот Ибис стајл хотел.
Миомир Серафиновиќ