Водедувањето на локдаун како крајна мерка за спречување на ширењето на коронавирусот, може да се избегне само доколку сите носат маска, смета регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге. Ако 95 отсто од граѓаните носат маски, тогаш „затворање“ не би било потребно. Денеска препораки до граѓаните за задолжително носење маски пристигнаа од јапонскиот премиер и од гувернерот Еверс.
Експертите укажаа на ризикот од инфекција при јадење и пиење. Се препорачува дека треба да се носи маска додека разговараме, па дури и кога јадеме и пиеме. Сакам да ги замолам сите „мирно да вечераат со маски“ и јас истото ќе ги правам од денеска, порача јапонскиот премиер Јошихиде Суга.
Гледаме се повеќе луѓе со маски на работните места и во малопродажба отколку предходно, па сметам дека има разлика. Дали би сакал да можам да ги натерам? Да. Но на крајот од денот луѓето мораат да го направат она што е правилно, рече гувернерот на Висконсин, Тони Еверс.
Парламентот во Берлин донесе нацрт-закон со кој се засилуваат овластувањата на владата за справување со пандемијата, што предизвика протести во центарот на Берлин.
За да стапи на сила, нацрт-законот мора да биде потпишан од претседателот Франк-Валтер Штајнмаер.
Критичарите на законодавниот предлог велат дека тој ги проширува овластувањата на министерството за здравство, ги ограничува основните права и слободи и го крши Уставот.
Неколку илјади луѓе се собраа во Берлин во знак на протест против ограничувачките мерки против пандемијата. Полицијата употреби водени топови и солзавец за да ги растера демонстрантите, а уапсени се и неколку луѓе.
Оксфордската вакцина против коронавирусот покажа силни имунолошки резултати кај постарите од 60 и 70 години, што ја буди надежта дека може да се заштитат лицата кои се најисложени на ризик од овој вирус.
Три вакцини на Фајзер-бионтек, Спутник и Модерна веќе известија за прелиминарните податоци од испитувањата во три фази, а една од нив се покажа и како ефикасна во 94% кај постарите од 65 години.
Светската здравствена организација го поздрави постигнатиот напредок во пронаоѓањето на ефекасна вакцина против коронавирусот.
„Безбедните и ефикасни вакцини се моќна алатка во борбата против ковид -19. СЗО поддржува објавување на резултати за ефекасноста на кандидатите за вакцини за „фајзер“и „бионтек“, соопшти организацијата.
СЗО посочува дека, за да се запре пандемијата на ковид-19, ќе биде потребна вакцина за милијарди луѓе.
Бројот на случаи на коронавирус во Русија денеска надмина два милиона, откако властите евидентираа 23.610 новозаразени лица.
Според кризниот штаб, сегашната смртност од вирусот останала на 1,73 проценти.
Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио, објави дека јавните училишта од денеска ќе бидат затворени поради зголеменото ширење на новиот коронавирус.
Тој посочи дека граѓаните мора да се спротивстават на вториот бран на ковид-19.
Одлуката на градоначалникот е донесена во време кога владини претставници во неколку десетици држави размислуваат или применуваат мерки за затворање за да се запрат досега најголемите стапки на инфекции со ковид-19.
На национално ниво, бројот на пациенти хоспитализирани со ковид-19 достигна 75.000, што е нов рекорд.
Бугарија е на трето место во ЕУ и втора на Балканот според смртност од Ковид-19 врз основа на период од 14 дена.
Вкупниот број на потврдени случаи на Ковид-19 во Бугарија е 110.536, од кои 75.526 се активни.
Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, на денешната владина седница потврди дека штабот за цивилна заштита во наредните денови ќе донесе нов пакет мерки со цел сузбивање на коронавирусот.
Се подготвени опции за воведување на дополнителни епидемиолошки мерки за цела Хрватска, посебно функцијата на здравствениот систем.
Билјана Ставрова