Меѓу убиените е и 20-годишно момче со потекло од струшко кое било излезено во центарот на Виена, објавија повеќе македонски медиуми на албански јазик, а струшкиот градоначалник упати и сочувство до семејството на Неџип Вренези од Велешта. Од МНР немаат информации за жртви ниту пак имало барање за помош до амбасадата во Виена, која синоќа беше мета на верски екстремизам.
МНР го осуди вчерашниот терористички напад.
-Силно го осудуваме синоќешниот терористички напад во Виена. Тоа е трагичен удар за еден од најбезбедните градови во Европа. Ја споделуваме болката со нашите австриски и европски пријатели. Тероризмот не признава ниту нација, ниту религија, ниту потекло, и ние строго го осудуваме овој терористички чин, без разлика од кого е сторен. Изразуваме сочувство до семејствата и граѓаните на Австрија и застануваме покрај нив во овие тешки моменти. Република Северна Македонија и како членка на НАТО, и како земја – кандидат за членство во Европската Унија, активно придонесува кон меѓународната коалиција за борба против тероризмот од било каков вид, соопштија од МНР на РС Македонија.