Русинот Андреј Рублев е победник на АТП турнирот во Виена откако во финалето во два сета со 6:4 и 6:4 во меч што траеше 1 час и 20 минути го совлада Лоренцо Сонего од Италија.
За осмиот тенисер на светот ова е петта титула сезонава откако претходно триумфираше на турнирите во Хамбург, Аделаида, Доха и Санкт Петербург со што го надмина постигнувањето на светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ која оваа година има освоено четири трофеи.
Додека на турнирот во казахстанската престолнина Нур-Султан славеше Џон Милман од Австралија кој со 7:5 и 6:1 славеше во мечот против Французинот, Адријан Манарино.